Македонија
6. April 2023 - 20:01

27 годишник лажел дека е полицаец во скопски локал - Ги легитимирал гостите и вработените

„На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, a претходно агресивно се однесувал кон присутните во објектот, лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат“, пишува во полициското соопштение.