275 санкционирани возачи во Скопје, а 67 санкции за повеќе од дозволената брзина
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум