29 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово
Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (7/8 октомври) спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани вкупно 29 возачи (ТЕ-13 и ГВ-16), меѓу кои 1(ТЕ) имал над 2 промили алкохол во организмот, соопшти МВР.
Возачите-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, времено ќе им се одземат и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Санкционирани, исто така, биле и 16 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).
Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе спроведува вакви и други контроли во сообраќајот, а до возачите апелира да не консумираат алкохол доколку планираат да управуваат возило.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра