31 војник ќе бидат дел од „КФОР“ во Косово, одлучи Владата
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата за учество на вежбата „ANATOLIAN EAGLE 22“ во Република Турција, соопшти владината прес-служба.
Исто така, е донесена и Одлука за одобрување, влегување и престој на 33 припадници на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG), од Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Романија и Република Турција со материјално – технички средства, воени моторни возила и опрема на територијата на Република Северна Македонија, кои заедно со девет припадници на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Северна Македонија, ќе учествуваат во извршувањето на должностите во Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.
Ново на Сител
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје
-
Приватните автобуси возат низ Скопје
-
Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба