311 санкционирани возачи во Скопје: 130 за пречекорена брзина, 49 мотоциклисти
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 311 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 49 санкционирани мотоциклисти и едно привремено одземено возило, 73 мерки за непрописно паркирани возила и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор