Македонија
12. April 2023 - 18:07

35 годишен скопјанец и се заканувал на поранешната сопруга, па бил агресивен и кон полицајци

На 11.04.2023 во 20.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(35) од Скопје затоа што упатил закани кон неговата 34 – годишна поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кај него биле пронајдени два ножа.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.