Македонија
7. February 2024 - 19:45

365 денари за килограм прва класа тутун

Дo утре сите отркупувачи во Македонија до тутунарите треба да достават анекси со кои и официјално цената за првата класа тутун се зголемува на 365 денари за килограм. Ова денеска беше договорено на средбата која се одржа во Тутунскиот комбинат Прилеп, помеѓу министерството, откупувачите и тутунарите. Оваа цена ќе важела и ретроактивно, односно по 365 денари ќе добијат и тие кои досега го предале тутунот по пониски цени и тие кои сега ќе го носат на пунктовите. Николовски потврди дека годинава ќе се зголеми и субвенцијата на 110 денари за прва класа.

„И да не станува збор за дефинирање на некои додатоци кои на друг начин ги сметаат и прават кон тутунопроизводителите туку јасно побаравме и сметам дека тоа ќе биде и на крајот дека оваа цена биде цена која ќе биде во анкес догтоворите и која ќе се однесува од самиот почеток на откуп на тутун“, вели Љупчо Николовски, министер земјоделство.

Од Инспекторатот пак ги повикаа тутунарите освен на анекс договор на веруваат на никакво друго ветување.

„Досега се откупени околу 9.5 милиони кг. на тутун. Според ова динамика која сега деновиве се воспостави тутунот очекуваме да се откупи во законскиот рок“, кажа Јане Станкоски, директор на државен земјоделски инспекторат.

Тутунарите велат дека непотребно се губело време и малтретирале тутунарите кога овие барања биле поставени уште на старт на откупот.

„Ние му поставивме и услов како Сојуз дека доколку до утре до 12 часот не достават до нас како Сојуз анекси дека таа компанија која нема да достави анкес на договор и ценовник нема да откупува тутун“, додаде Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија. 

Од ВМРО – ДПМНЕ ПАК обвинија дека Тутунскиот комбинат како државна фирма бил на раб на катастрофа.

„Денес, на 70% откупен тутун од реколтата 2023, Тутунски комбинат има откупено само нешто повеќе од 650 тони тутун. За разлика од минатото кога тутунски комбинат откупувал и по 4 милиони килограми тутун, слободно можеме да констатираме дека комбинатот е на раб на катастрофа“, Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

За да нема вакви проблеми и идната реколта министерот Николовски најави и итна измена на Законот на тутун, така што повторно околу 20-ти овој месец ќе имало нова ваква средба во истиот состав на оваа тема во Скопје.