4 ситуации во кои не треба да пиете вода – може да му штети на вашиот организам

Сите знаеме колку водата е неопходна за зачувување на здравјето, а докторите препорачуваат да се пијат 1,5 до 2 литри вода дневно.
Водата има бројни здравствени придобивки: го чисти телото од токсини, ја подобрува дигестијата, го хидрира организмот и го чува здравјето на кожата. Но, верувале или не, постојат ситуации во кои водата може да му штети на вашиот организам, а еве и кои се тие.
Откако добро ќе се најадете
Повеќето луѓе по обилниот ручек посегнуваат по чаша вода, но тоа е погрешно!
Во тој случај се чувствува тежина во желудникот, надуеност, а може да се појави и болка во стомакот. Тоа е јасен знак дека во него нема повеќе место.
Веднаш по вежбањето
По трчањето или вежбањето во теретана чувствувате огромна жед? Тоа е нормално бидејќи телото преку потењето ги губи течностите.
Но, чашата вода не е добар избор. Да, таа ќе ја згасне жедта, но треба да знаете дека обичната вода не ги надоместува минералите кои телото ги изгубило при вежбањето како натриум и калиум. Затоа по вежбањето посегнете по кокосова вода или некој посебно формулиран напиток кој ќе ги надомести електролитите во телото.
Ако веќе сте испиле многу вода
Иако ретко се случува, можно е испиете толку многу вода што со тоа ќе го загрозите здравјето. Имено, преголемата количина на испиена вода може да ја наруши рамнотежата на соли во телото, односно да предизвика дефицит на натриум.
Постојаното консумирање на вода може да предизвика главоболка, мачнина, повраќање, па дури и мозочен удар. Но, за тоа сепак е потребно да испиете многу литри вода.
Ако вашата урина е проѕирна
Заминувањето во тоалет е добар показател дали пиете доволно вода. Ако вашата урина е бледо жолта како лимонада, тоа е показател дека сте испиле доволно вода во текот на денот, но доколку забележите дека урината е проѕирна тогаш треба да намалите со консумирањето.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
