40 години затвор за убиецот на малата Луна во Србија

Зоран Албич (25), обвинет за убиство на ќерката (2,5) на својата девојка. Тој денеска осуден е пред судот во Неготин на 40 години затвор, пренесува kurir.rs.
За подсетување, страшното убиство се случи во мај минатата година во населбата Прахово која се наоѓа во Неготин-Србија, Албич несреќното девојче односно ќерката на својата девојка ја претепа до смрт. Наводно, тој кобната ноќ се вратил од шетање, а го нервирало тоа што детето плаче па почнал да го удара додека мајката на Луна била присутна.
-Кога сватил дека детето не дише, тие го однеле во болница по што рекле дека малечката Луна паднала од тераса. Девојчето починало, а лекарите повикале полиција бидејќи страшните повреди на телото на Луна не се поклопувале со нивната приказна, изјавил извор за kurir.rs.
По смртта на девојчето уапсени се и Албич и нејзината мајка Весна Ф.
-Весна направила договор со судот и осудена е само на 8 години затвор, за не пружање помош на немоќно лице, односно на нејзината 2 ипол годишна ќерка. Интересно е тоа што она по излагање од притвор се смирила со таткото на Луна и тоа што очекуваат бебе, иако она издржува затворска казна, рекол соговорникот на Курир.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
