-->
-->
41-годишен мигрант пронајден мртов во кумановско Лојане
-->
Државјанин на Република Конго е пронајден мртов во дворно место на верски објект во липковското село Лојане, соопшти денеска кумановската полиција. Лекар констатирал смрт без насилство на телото на починатото лице.
– Вчера во 06:00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго, соопшти полицијата.
По насока на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
