Македонија
1. January 2021 - 15:08

45-годишен маж од Зелениково пронајден мртов

На 31.12.2020 во 12.12 часот во Полициска станица Драчево било пријавено дека Г.Б.(45) од с.Зелениково, скопско, бил пронајден починат.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.