5 лица врзале чувар и украле 552,85 кг канабис од фабрика, МВР го расчисти случајот во Чегране
Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица.
Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.
Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18).
Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева