Живот
11. May 2016 - 12:32

500 дена не конзумирал алкохол: Неверојатно е колку неговиот изглед се променил

Imgur корисник кој се потпишува како „Meatteo“ во понеделникот се пофали дека 500 дена не конзумирал алкохол.

Како што објаснил, ова му помогнало да изгуби голем број килограми, а истовремено да му се обнови неговата кожа и нејзината боја.

Момчето не напишало колку често конзумирало алкохол пред апстиненцијата.

- Трезен сум околу 500 дена. Изгубив толку килограми што мојата сопруга се сомнева дека нешто не е во ред со моето здравје. Имено, не е работата само во пивото. Проблемот е и во храната која ја внесувате во себе, напишал „Meatteo“ и истакнал дека потребно е да се слушаат советите на експертите.