51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
Двајца странски државјани, од Србија и Холандија, се лишени од слобода на Граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ ги евидентирал како возат со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А-1.
Во првиот случај, вчера во 22:15 часот, на излез од државата полицијата запрела „мерцедес бенз“ со српски регистарски ознаки, управуван од 51-годишната И.М. од Србија.
При проверката било утврдено дека таа претходно на автопатот Демир Капија – Гевгелија возела со 168 километри на час на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Таа била лишена од слобода.
Неколку часа подоцна, утрово во 05:00 часот, исто така на Табановце, бил запрен и 32-годишниот А.А. од Холандија, кој управувал „ауди“ со холандски регистарски ознаки.
Системот „Безбеден град“ го евидентирал како во близина на Демир Капија вози со 177 километри на час на ограничување од 80 километри на час, односно 97 километри на час над дозволеното.
И двајцата возачи се лишени од слобода поради сомнение за „безобѕирно управување со моторно возило“, а од МВР најавуваат дека против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ново на Сител
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
