-->
-->
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-->

Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по телото нејзината мајка С.С.С., на возраст од 52 години, известија од СВР-Велес - ОВР-Кавадарци.
Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР - Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО - Кавадарци, по чија наредба, телото било дадено на обдукција.
Од СВР - Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
