52-годишна тетовчанка е жената која по трет пат се заразила со Ковид-19, била вакцинирана со Синофарм
Пациентката за која Институтот за јавно здравје извести дека е единствена кој трипати се заразила со коронавирусот и трипати оздравела, е педесет и двегодишна тетовчанка, неофицијално дознава „Фокус“.
Тетовчанката првиот позитивен тест го имала во јули лани, а тогаш како единствен симптом имала главоболка. Во декември, таа повторно се заразила, но и тогаш немала потреба од хоспитализација. И покрај тоа што била вакцинирана со вакцината „Синофарм“, жената во јули годинава се заразила и по третпат, пишува Фокус.
Пациентката, која е единствена во земјава која трипати била заразена со опасниот вирус, имала хронична бубрежна болест и висок притисок.
Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје се наведува дека заклучно со 19 септември, за време на целата епидемија во Македонија, регистрирани се вкупно 522 пациенти кои се заразиле двапати. Од пријавените случаи нареинфекција, петмина пациенти починале.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци