Македонија
22. August 2016 - 17:34

55 јубилејни Струшки вечери на поезијата со новитети

Нови поетски книжевни форми од 32 врвни светски имиња, ќе бидат претставени на 55 јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата.

Според директорот, ова издание претставува пресврт во концепциската структура. Најавени се новитети кои ќе делуваат на естетските вредности сообразни за овие времиња.

Уште една нова содржина е попладневното Поетско кафе, со теми кои допираат интригантни содржини во книжевноста.

Овогодишен лауреат на фестивалот ќе биде двојазичното издание на Маргарет Аствуд, чие доаѓање се очекува на 26 август.

Презентацијата на антологија, нуди досега невообичаена национална Австралиска поезија.

Програмата вклучува учество на добитниците на наградите Браќа Миладиновци и Мостови на Стуга; поети од едицијата плејади од Литванија и Бугарија; излезни читања пред куќата на Уранија во Охрид; посета на градовите Битола и Ресен; се до завршувањето во Скопје со поетското Матине на Матка и Камениот мост на 29 август.

Според организаторите, Струшките вечери на поезијата оваа година смело навестуваат нова ера на деметрополизација на културата во Македонија.