57 години од земјотресот во Скопје - со свежо цвеќе оддадена почит на гробиштата во Бутел

Со свежи цвеќе на градските гробишта во Бутел претставници на Владата, Собранието и Град Скопје оддадоа почит на жртвите од земјотресот кој на денешен ден пред 57 години го погоди Скопје.
Градоначалникот Петре Шилегов рече дека оваа несреќа ја покажа големината на хуманоста и човечноста од 87 држави од светот кои помогнаа Скопје во многу краток период да се издигне како Феникс.

-Тоа за нас претставува обврска кон тие држави и обврска кон останатиот свет и затоа секогаш кога се случуваат несреќи Град Скопје излегува во пресрет. Обврска е да се вратат имињата на улиците токму на тие држави кои помогнаа да се издигне градот по природната катастрофа, коишто неправедно беа одземени со некои одлуки во минатото. И најавив дека тоа ќе биде коригирано, рече Шилегов.
На 27 јули 1963 година во 05:17 часот земјотрес со јачина од 6.1 степени според Рихтер го погоди главниот град. Во несреќата животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
