Македонија
17. September 2022 - 20:55

65 годишна жена сакала да се самозапали на кејот на Вардар, ја спасил млад скопјанец

65 годишна жена сакала да се самозапали на кејот на Вардар, а ја спасил млад велосипедист од Скопје кој минувал во моментот на настанот.

Велосипедист кој возел на кејот на Вардар во Скопје денеска во вистинска драма успеал да спречи 65-годишна жена да се самозапали, објави МКД.мк. 26-годишниот скопјанец со херојско име и презиме – Христијан Тодоровски, минувал под мостот кај МАНУ и без никакво размислување се фрлил по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка. Жената давала отпор, а и двајцата завршиле во реката. Возило на Брза помош ја однело жената во болница.