65 нови случаи на Ковид-19 во земјава, пријавени се 3 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.090 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 41, Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 78 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 - 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.
Направени се 1.090 тестови преку: ИЈЗ-110, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-9, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–25, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-37, Биотек-30, Систина-34, лабораторија Лаор-57, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-17, Никоб Лаб-47, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 527.
Досега во земјата се направени вкупно 2.065.025 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.538, бројот на оздравени пациенти е 302.807, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 415.
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
