7-годишник е најмладиот милионер во земјава
Највисоката месечна бруто плата лани изнесувала 142 илјади евра и ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали.
Според податоците од УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милиони евра, односно 142 илјади евра месечно.
Најмладиот милионер во земјава имал само седум години и остварил доход од закуп во износ од 1.016.947 денари, а најстариот на возраст од 96 години со доход од 4.570.535 денари, исто така од закупнина.
Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари има ресенчанец, а највисок бруто доход од закуп од близу 50 милиони денари скопјанец. Највисокиот, пак, доход од вршење на самостојна дејност е 73,5 милиони денари и го остварил скопјанец.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови