70 случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени

Во 2026 година, заклучно со 22 септември, во државата се регистрирани вкупно 70 случаи на западнонилска треска. Од регистрираните случаи, а во согласност со дефиниција на случај, 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни - се наведува во најновиот неделен епидемиолошки извештај на Институтот за јавно здравје за западнонилска треска во државата.
Според место на живеење на заболените, 63 случаи биле од Скопје, три случаи од Велес и по еден случај од Куманово, Свети Николе, Кавадарци, Тетово.
Од регистрираните случаи, 52 или 74,3 проценти биле машки, а 18 или 25,7 отсто - женски.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел биле лица на возраст над 60 години - 57 или 81,4 процент, седум - лица на возраст од 50 до 59, две лица на возраст од 40 до 49 години, едно лице на возраст од 30 до 39, а три лица на возраст од 20 до 29 години.
Починале деветмина од хоспитализираните потврдени случаи, сите од машки пол. Кај осум починати лица биле регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатата недела, од 16 до 22 септември, пријавени биле пет нови случаи. Од нив, три случаи биле од Скопје, а по еден од Велес и Тетово.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
