70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
Цвета бизнисот со телефони во затворите. Секој четврти притвореник во Шутка има мобилен апарат. Само еден откако беа објавени фотографиите од осомничениот Васил Јованов за усмртувањето на 22-годишната Фросина на Партизанска, затворски полицаец на притвореничка и продал телефон за 400 евра.
Откако случајот со Васо го актуелизираше проблемот со пристап до телефони во затворите, денеска интервентна единица ги тресела келиите.
Првиот човек на Управата за санкции во Тема на Денот рече дека затворите кубурат со кадар, иако платите кои затворските чувари ги добиваат се конкурентни. Поради неправилности во работата 20 биле избркани од работа, но над 30 други може и кривично да одговараат.
- Има сега покренато во Обвинителство против 32ца постапка. Против 100, што затворски полицајци, што вработени по затворине се поднесени 100 дисциплински постапки во овој период, вели Пандов.
Пандов најави дека во наредниот период ќе биде воспоставен ред во затворите ширум државата. Рече дека сите криминалци кои „управуваат“ со нив, и кои од внатре нарачувале криминални дела надвор од затворите сега се изолирани во самица за да не можат да воспостават контакт со надворешниот свет.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар