Македонија
19. November 2021 - 11:10

71 годишен маж со своето „бмв“ удрил во пешак во Прилеп

На 18.11.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(71) од Прилеп, удрило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп. Во несреќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.