732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, а напоредно со тоа течат секојдневни превентивни активности од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, со цел граѓаните да се потсетат за важноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Вчера (26.02.2025), во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава беа издадени 732 платни налози. Од нив 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани беа 57, односно 25 прекршоци. Полициските службеници исто така детектираа 65 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во три случаи откриени се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а санкционирани се и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите.
Откриени се и 21 нерегистрирано возило во сообраќајот, а четири возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, следствено одредбите од Законот за возила.
Ново на Сител
-
Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
-
Пожарникарите се борат со речиси 200 шумски пожари во Северна и Јужна Каролина
-
Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија
-
Одеци по лондонскиот самит: Чекор напред со многу ветувања, а малку конкретни одговори
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН