8 приведени при инцидентот во Нови Сад

Од Министертвото за внатрешни работи изјавија дека синоќешниот собир во Нови Сад не бил пријавен, имаше обид за насилно упад во Градското собрание, а полицијата реагираше крајно воздржано и професионално, идентификувани се 12 лица, од кои осум се задржани, јави дописникот на МИА
Помошник директорот на полицијата, полковник Драган Васиљевиќ изјави за РТС да полицијата дознала за собирот во вторникот вечерта преку објави на социјалните мрежи.
-Собирот започна околу 18 часот, но беше индикативно присуството на цистерната која подоцна ќе биде донесена пред Градското собрание. Од цистерната таму е излеана течност, а точниот тип на течност ќе го утврдат вештаците. Започнато е и насилничкото однесување пред Градското собрание, фрлање на камења, стаклата беа искршени. Фрлени се и бои и факели, а уништена е и фасадата. Во неколку наврати, виновниците се обидоа насилно да влезат во Градското собрание. Полицијата остана присебна и не реагираше, изјави за РТС помошникот директор на полицијата.
Тој додаде дека во текот на ноќта биле идентификувани 12 лица кои предизвикаа немири на протестот во Нови Сад, наведувајќи дека осуммина се приведени и дека се работи за голем број кривични дела, дека во текот на утрото и во текот ќе бидат идентификувани сите лице кои предизвикуваа нереди на протестот.
Полковник Васиљевиќ потврди дека поранешниот покраински секретар и потпретседател на покраинската влада на Војводина Горан Јешиќ е уапсен затоа што напаѓал полицајци и ги попречувал во извршувањето на службената должност, и дека против него ќе биде покренета кривична одговорност.
Тој додаде и дека поранешниот судија на Уставниот суд, Светозар Чиплиќ, е идентификуван како лицето кое имало чекан во јакната и дека полицијата ќе види кои биле неговите намери.
Според Васиљевиќ, полицијата на протестот употребила минимални средства за присилба, бибер спреј и солзавец и останала максимално воздржана.
-Видовте како изгледа Градското собрание, фрлена боја, искршени прозорци, симнато знамето на Србија, демолирано градилиште во близина, а насилниците користеа решетки… Полицијата реагираше крајно професионално во изведбата на нивните задачите во Нови Сад, искористени се минимални ресурси. Прскалките беа употребени за одбивање на луѓето што ги нападнаа, а беше употребен и солзавец. Немаше посериозни повреди, полесно се повредени полицајци и двајца граѓани, рече Васиљевиќ.
Помошникот на полицискиот директор, полковник Драган Васиљевиќ, рече и дека полицијата ќе си ја заврши работата и дека сите демонстранти ќе бидат идентификувани и приведени.
Ново на Сител
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
-

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
-

Стратува второто полугодие за учениците
