АА: Јасно кој го ослободи Сашо Мијалков, коалицијата СДСМ-ДУИ вроди со плод
Вчера бевме сведоци на потврдата за коалицијата на криминалот и корупцијата, СДСМ-ДУИ, која се обидоа да ја оправдаат со смешно алиби. Вистинските причини и плодови од оваа коалиција ги видовме денес. Кривичниот суд во Скопје го ослободи поранешниот директор на ДСК, Сашо Мијалков, партнер во бизнисите и тендерите на двете партии од хибридниот режим, велат од АА за Алобанците преку соопштение.
Од партијата велат дека Мијалков беше ослободен од обвинението за случајот кој беше еден од главните атрибути што Зоран Заев ги користеше во својата кампања како опозиција, насилството и нарачаниот криминал.
„Во меѓувреме, слушнавме експоненти на обете партии кои зборуваат понекогаш за партизација на судството, понекогаш за ветингот, а понекогаш дури и за трговија со судии и обвинители.
Со оглед на ова, и кога се знае дека СДСМ и ДУИ ја водат извршната и судската власт, сега е јасно кој го ослободи Сашо Мијалков. Договорот за ова беше потпишан вчера и беше извршен денес, додека вистинската пресуда за овие пазарења со правдата ќе ја дадат граѓаните“ велат од АА за Албанците.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
