АА: Партиското собрание ќе се одржи во сабота во Скопје
Алијансата за Албанците денеска испрати соопштение во кое се нагласува дека партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, а не во Куманово, како што вчера дел од членовите добиле порака испратена од актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари.
-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, соопштија од АА.
Përgjatë ditës së djeshme një pjesë e kuvendarëve kanë marrë porosi për TUBIM në qytetin e Kumanovës dhe më pas për TAKIM me z.Taravari.
- Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението испратено од имејл на АА.
Ново на Сител
-
Почина актерката Радмила Живковиќ, нам позната како луда Дока
-
Укината целосната забрана за движење во шума
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар