Фудбал
10. December 2022 - 19:59

АБА лига: Борац го изненади МЗТ во Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје се поразени во директниот дуел за опстанок од српскиот  Борац Чачак со 81-73.
Иако влегоа како фаворити нашите кошаркари од самиот почеток дозволија гостите да направат солидна предност и да ја сочуваат речиси до самиот крај. 
Слабата игра во првото полувреме донесе предност за Борац од 15 поени а македонскиот претставник во балканската елита дозволи да прими дури 50 поени  при резултат 50-35. 
Очигледно во отсуство на Магдевски и Ајви тешко беше да се организира играта но во вториот дел металците заиграа поангажирано и во последниот период влегоа со негатива од 8 поени која сепак беше недостижна иако МЗТ се доближи на само два поени. 
Мичовиќ и Дамјан Стојановски беа најефикасни со 14 односно 13 поени додека во редовите на гостинскиот тим незапирлив беше Хејл со 22 поени. 
Следниот натпревар македонскиот првак го игра во Задар.