-->
-->
АБА лига: Борац го изненади МЗТ во Скопје
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје се поразени во директниот дуел за опстанок од српскиот Борац Чачак со 81-73.Иако влегоа како фаворити нашите кошаркари од самиот почеток дозволија гостите да направат солидна предност и да ја сочуваат речиси до самиот крај.
Слабата игра во првото полувреме донесе предност за Борац од 15 поени а македонскиот претставник во балканската елита дозволи да прими дури 50 поени при резултат 50-35.
Очигледно во отсуство на Магдевски и Ајви тешко беше да се организира играта но во вториот дел металците заиграа поангажирано и во последниот период влегоа со негатива од 8 поени која сепак беше недостижна иако МЗТ се доближи на само два поени.
Мичовиќ и Дамјан Стојановски беа најефикасни со 14 односно 13 поени додека во редовите на гостинскиот тим незапирлив беше Хејл со 22 поени.
Следниот натпревар македонскиот првак го игра во Задар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
