-->
-->
АБА лига: Игокеа поуспешна од Олимпија
-->
Во последниот натпревар од второто коло од регионалната кошаркарска АБА лига, екипата на Игокеа пред своите навивачи ја победи Олимпија со 72:63.
Во натпревар со многу пресврти Игокеа ги доби првиот и последниот период со по 11 поени разлика што се покажа недостижно за гостите од Љубљана.
Вук Радивојевиќ со 20 поени беше најефикасен играч во победничкиот тим, Александар Чапин имаше 16 реализации.
Кај Олимпија најдобар беше Миха Лапорник со 16 поени.
Резултати на натпреварите одиграни во текот на викендот:
Црвена звезда – Будуќност 83:62,
Крка – Задар 77:66,
Мега Лекс – Партизан 76:59,
МЗТ Скопје – Металац 93:67,
Цибона – Тајфун 71:69
Сутјеска – Цедевита 68:83
Табела: Црвена звезда 4 бода, Цедевита 4, Мега Лекс 3, МЗТ Скопје Аеродром 3, Унион Олимпија 3, Тајфун 3,...
Инаку денеска се играат четири натпревари од 3.коло, а МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Партизан во Пионир. ПОчетокот на дуелот е од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК