-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје победи во Никшиќ
-->
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа првата гостинска победа оваа сезона во АБА лигата. Тие синоќа на гостувањето во Никшиќ ја совладаа Сутјеска со 77:68 (21:21; 18:11; 17:19; 21:17).
Ова е вкупно трета победа за „металците“ по шест одиграни кола. Победата е сосема заслужена, бидејќи нашиот шампион водеше во текот на целиот натпревар. Најефикасни кај МЗТ Скопје беа Данило Мијатовиќ со 18 поени и Дамјан Стојановски со 15.
На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Задар – Тајфун 73:67,
Цибона – Партизан 63:57,
Крка – Металац 70:75,
Будуќност – Цедевита 76:66,
Црвена Звезда – Олимпија 73:77.
Вечер играат Мега Лекс и Игокеа.
Табела: Будуќност 5-1 (победи-порази), Црвена Звезда 4-2, Олимпија 4-2, Цедевита 4-2, МЗТ Скопје Аеродром 3-3, Металац 3-3, Игокеа 3-2, Мега Лекс 3-2, Партизан 2-4, Задар 2-4, Цибона 2-4, Тајфун 2-4, Крка 2-4, Сутјеска 2-4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“
-
Анкета: Граѓаните ги поддржуваат владините мерки
-
Врие од корупција во јавните набавки, покажа истражувањето на ЦГК
-
Тошковски: Има обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, МВР жестоко ќе одговори
-
Рибар извлекол седум тромблонски мини од Вардар
-
Времето сончево но постудено, ќе дува ветер до 70км/ч
-
Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција