-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје поразен по продолжение од Цибона
-->
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и четвртиот пораз во регионалната кошаркарска АБА лига.
По високите порази од Црвена звезда во Белград, Партизан во Скопје, и Цедевита во Загреб, екипата на МЗТ Скопје Аеродром го загуби и натпреварот од 4.коло одигран синоќа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, од Цибона по две продолженија со 85:89.
По 40 минути немаше победник (72:72), така беше и по првите дополнително пет минути (10:10), за во второто продолжение гостите од Загреб да бидат поуспешни со 7:3.
Цибона до победата ја предводеше Андреа Жижиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 37 поени и 20 скокови.
Во редовите на МЗТ Скопје двоцифрен број на поени имаа четворица кошаркари, а најмногу Урош Лучиќ 18.
Денеска вториот македонскиот претставник во АБА, Карпош Соколи, ќе се обиде да ја оствари првата победа и тоа во дуелот против белградски Партизан кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани