-->
-->
АБА лига: Прв македонски дуел МЗТ Скопје - Карпош Соколи
-->

Македонските екипи во АБА лигата МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи попладнево ќе го одиграат првиот натпревар на македонски екипи во АБА лигата. Во рамките на 6.коло првакот МЗТ Скопје е домаќин на Карпош Соколи, а натпреварот се игра во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“. Двете екипи во досегашниот дел од лигата забележаа по пет порази.
Покрај овој дуел денеска се играат уште три, а двојките се: ФМП – Партизан, Цедевита – Крка и Црвена Звезда – Игокеа.
На вчера одграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Олимпија – Цибона 72:89, Задар – Мега 90:86 и Будуќност – Морнар 85:68.
Табела: Будуќност 12 бода, Цибона 11, Црвена Звезда 10, Партизан 10, Задар 9, Цедевита 8, Морнар 8, Игокеа 8, ФМП 7, Мега 7, Олимпија 6, Крка 5, Карпош Соколи 5, МЗТ Скопје Аеродром 5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
