-->
-->
АБА лига: Шампионот Ц.Звезда тешко до победата во Ново Место
-->

Екипата на Црвена звезда забележа победа над Крка со 71:65 во дуелот со кој беше комплетирано 13.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
На натпреварот одигран синоќа во Ново Место, актуелниот шампион на АБА лигата Црвена Звзеа до десеттата победа сезонава ја предводеа, Стефан Јовиќ и Мајк Цирбес со по 13 постигнати поени.
Кај Крка, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Лука Лапорник со 17 поени.
Со оваа победа „црвено-белите“ се искачија на второто место на табелата со 23 бодови колку што има и трето пласираната Цедевита, а еден помалку од водечкиот тим на Будуќност.
Комплетни резултати од 13.коло во АБА лигата:
Сутјеска – Задар 71:60
Игокеа – Тајфун 71:82
Партизан – Унион Олимпија 76:74
Цибона – Будуќност 69:91
Металац - Мега Лекс 83:76
МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита 65:70
Крка – Црвена звезда 65:71.
Табела:
Будуќност 24 бодови, Црвена Звезда 23, Цедевита 23, Мега Лекс 22, Задар 20, Тајфун 19, Крка 19, У. Олимпија 18, Игокеа 18, Партизан 18, Металац 18, МЗТ Скопје Аеродром 17, Цибона 17 и Сутјеска 17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
