Кошарка
2. November 2015 - 8:22

АБА лига: Триумфи за Цедевита и Цибона

На двата неделни дуели од 8.коло во регионалната кошаркарска АБА лига победи забележаа екипите на Цибона и на Цедевита.
 
Цибона на свој терен во Загреб ја совлада Игокеа за трет триумф оваа сезона, додека Цедевита на гостински терен против Тајфун дојде до петтата победа.
 
Постигнати резултати:
Цибона – Игокеа 86:72,
Тајфун – Цедевита 67:78.
 
Одиграно претходно:
Мега – Сутјеска 101:72,
Задар – Олимпија 67:56,
Крка – МЗТ СКопје 72:68,
Будуќност – Металац 83:72.
 
Осмиот круг утре ќе биде затворен со белградското дерби Црвена звезда – Партизан.
 
На табелата води Будуќност со 15 бодови, пред Мега Лекс која има 14. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е на делба на петтата позиција со уште пет екипи кои имаат по 12 бодови.