-->
-->
АБА лига: Урош Луковиќ во ТОП 5 на колото
-->

Новото засилување на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, Урош Луковиќ со одличната партија на дуелот против Партизан избори место во ТОП 5 играчите на колото.
Тој имаше 27 индекс поени за пласман на 5.то место.
Од редовите на МЗТ Скопје во овој шампионат во ТОП 5 биле: Ѓорѓе Дреновац (2.коло - 3.место и 9.коло - 5.место), Дамјан Стојановски (6.коло - 3.место) и Марко Луковиќ (4.коло - 1.место).
Во ТОП 5 во 16.коло се наоѓаат:
1. Миро Билан (Цедевита) 35 индекс поени,
2. Сава Лешиќ (Олимпија) 33,
3. Стефан Јовиќ (Ц.Звезда) 31,
4. Стефан Синовец (Крка) 31,
5. Урош Луковиќ (МЗТ Скопје) 27.
Воедно Урош Луковиќ со 20 поени постигнати против Паризан е на 5.место и на листата на стрелците во ова коло, додека неговиот брат Марко со 7 асистенции се наоѓа на 4.место.
Инаку, Билан по третпат е на позицијата број 1 во досегашните 16.кола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
