АБА: МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Цибона
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва загубија на гостувањето кај Цибона со 87:79 во меч од 17. коло од АБА лигата по кој останаа на четири победи и без ниту еден триумф на гостински терен сезонава во регионалното натпреварување.
„Сино-белите“ и покрај фактот што играа со само осум играчи поради отсуството на повредените Стефан Синовец, Јуре Лалиќ, Стојан Ѓуроски и болниот Адем Мекиќ, му зададоа силен отпор на противникот, но на крајот снемаа сили за целосен пресврт.
Избраниците на тренерот Анте Назор не се предадоа ниту по водството на противник со 14 поени разлика (55:69) во финишот од третиот период. Со ангажирана игра и прецизен шут прво изедначија на 74:74, а со тројката на Шарлон Клоф дури и поведоа до 77:76 на две минути до крајот. Но, потоа падна концентрацијата, се направија неколку неизнудени грешки, нешто што „цибоси“ максимално го казнија и со серија 11:2 до крајот на средбата дојдоа до посакуваните бодови.
Ѓорѓе Дреновац ја одигра најдобрата партија сезонава и навистина е штета што неговиот учинок со 27 поени, пет скока и две асистенции не беше крунисан со триумф. Одличен беше и Клоф со 16 поени, три скока и дури осум асистенции, а двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Џош Скот со 12 поени и седум скока.
Следната шанса за прекин на серијата од пет порази по ред МЗТ Скопје ќе ја има веќе в петок, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува тимот на Задар.
Вчера во натпревар од 17.коло Карпош Соколи загуби на гостувањето кај Патризан со 76:72.
Вечерва Крка - Будуќност 67:75, а во тек е дуелот Морнар - Олимпија.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година