-->
-->
АБА: Звезда и натаму непоразена
-->

Екипата на Црвена ѕвезда ја продолжи победничката серија во АБА лигата со триумфот во Сремска Митровица над Мега Лекс. Актуелниот првак потешко од очекувањата, по дополнителните пет минути, стигна до 17-та победа во низа.
Црвена ѕвезда се мачеше во Сремска Митровица, само на моменти во втората четвртина и во продолжението покажа зошто е лидер на табелата и најпријатно изненадување во Евролигата, но успеа да победи 81:69, откако во регуларниот дел резултатот беше 67:67.
Мега Лекс во текот на целиот меч имаше активен резултат, а Јарамаз со четирите реализирани слободни фрлања во самиот финиш обезбеди продолженија.
Во дополнителните пет минути Црвена ѕвезда не дозволи изненадување, отвори со серија 7:0, а на крајот продолжението го доби со 14:2.
Одлично деби за Црвена ѕвезда имаше новиот играч Дион Томпсон, кој за седум минути забележа 10 поени и 5 скокови. Најефикасен кај победникот беше Кузмиќ со 16 поени и 9 скокови, Јовиќ оствари 10 поени и 11 асистенции, а Лазиќ запиша по 5 поени и украдени топки и 8 скокови.
Мега ја предводеше Јарамаз со 15 поени и 5 асистенции.
По 17 натпревари Црвена ѕвезда има исто толку победи, додека Мега Лекс е на пет победи и 12 порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
