Абазовиќ: Одговорот од СНП го чекаме до недела
Мандатарот за состав на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ од движењето УРА, изјави дека очекува СНП до недела да одлучи дали ќе биде дел од новата влада.
Тој наведе дека граѓаните треба да ги почекаат изборите во Беране, Улцињ и уште 10 општини, а потоа да се види дали ДПС се враќа.
Тој изјави и дека во овој момент е изнуден концептот за малцинска влада.
– СНП нема ништо против концептот, туку им треба одлука од партиските органи. Ќе разговараме со пратениците на ПзП и Миодраг Лекиќ. Секој нека одлучи што е најдобро. Ние ќе ја водиме нашата политика автономно, изјави Абазовиќ за ТВ Вијести.
Тој вели дека СНП е важна во контекст на создавање мнозинство за деблокирање на процесот и создавање европско мнозинство.
– Очекуваме одлука за три дена. Не значи дека вратите им се затворени ако не го направат тоа, повтори Абазовиќ.
Абазовиќ рече дека новата влада најверојатно ќе има од 16 до 18 ресори, а негова идеја е да формира министерство за европски прашања. Тој рече и дека бројот на ресорите зависи од бројот на субјекти кои ќе ја формираат новата влада.
– Црна Гора мора да оди напред, заклучи тој.
Ново на Сител
-
Работна група на ЗЕЛС ќе посредува со Владата за Струмица и Карпош да не ја напуштаат организацијата
-
СДСМ бара кривична одговорност за Христовски
-
Над 61.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип - од денеска вакцинација и во старски домови
-
Минчев: Очаен обид на Ахмети да ги прикрие распадот на Европскиот фронт
-
Мицкоски очекува стабилна влада во Бугарија со која ќе може да ги продолжи преговорите
-
Стартува изградбата на делницата Гостивар-Букојчани, дел од Коридорот 8
-
СДСМ обвинува за нови нерегуларности во ЈПДП - 40 возила не платиле патарина
-
ВМРО-ДПМНЕ: За еден месец цените на храната и пијалаците намалени за 5%