-->
-->
Аце и Илија ја срушија Џенова
-->

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со гол за победа се врати во тимот на Палермо по четиримесечната пауза поради повреда. Трајковски го постигна победничкиот гол на асистенција на репрезентативниот колега Несторовски, со што го комплетира неверојатниот пресврт на Палермо, кој во Џенова, кај истоимениот тим славеше со 4:3.
Екипата на Палермо ја забележа втората победа во Серија А и се помести од последната позиција на табелата, откако во Џенова победи 3:4 иако имаше негатива од 3:1. Последниот гол на мечот во 90.минута го постигна Трајковски, кој се врати во тимот по повредата.
Џенова поведе со голот на Џовани Симеоне во четвртата минута, а во финишот на полувремето израмни Куаисон.
Симеоне, синот на тренерот на Атлетико Мадрид, во 57.минута со својот втор гол ја врати предноста на Џенова, која Нинковиќ ја зголеми на 3:1 во 65.минута.
Сепак гостите од Сицилија не се предадоа и најпрвин Голданига намали на 3:2, а потоа Рисполи израмни во 88.минута, за Трајковски во последната минута да го комплетира пресвртот.
Џенова натпреварот го заврши со играч помалку откако голманот Перин доби црвен картон. Перин од необјасниви причини тргна физички да се пресмета со Несторовски.
Палермо во Џенова ја забележа првата победа по 21.септември кога славеше во Бергамо над Аталанта.
Сицилијанците се наоѓаат на претпоследната позиција со девет бодови, колку што има и Кротоне и се наоѓа на пет бода од Емполи првата екипа која се наоѓа во безбедната зона.
Палермо, во наредното коло, ќе ја пречека Пескара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
