АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
- Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, кој беше изведувач на изградбата на 400 киловолтниот далновод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, информираат од АД МЕПСО.
-До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до неможност за постигнување согласност меѓу двете страни. Договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, беше склучен на 7 февруари 2020 година, со рок за завршување од 30 месеци. Рокот истече на 30.05.2023 година, посочуваат од МЕПСО.
Во овој период, како што нагласуваат, изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето, барајќи дополнително плаќање, што беше одбиено од АД МЕПСО заради типот на договорот, клуч на рака.
-И покрај повеќекратните напори на АД МЕПСО за усогласување и преговарање, договор не беше постигнат. Затоа, АД МЕПСО ја донесе неопходната одлука за раскинување на договорот. Од започнување на проектот досега се реализирани 24 од планираните 269 фундаменти за столбови или 8,9 отсто, а доставени се 51,2 отсто од опремата. Имајќи ја во предвид настаната ситуација, одолговлекувањето на работите како и целосното еднострано напуштање од страна на изведувачот, цениме дека раскинот на овој договор, всушност претставува почеток на завршување на овој проект кој претставува врвен приоритет за АД МЕПСО и Владата, велат од електропреносниот систем оператор.
Порачуваат дека останувааат посветени на завршувањето на 400 киловолтната интерконекција со Албанија и дека веќе започна подготовки за рестартирање на проектот.
-Друштвото ќе иницира нова тендерска постапка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со изградбата. Успешната реализација на оваа интерконекција останува приоритет за АД МЕПСО, бидејќи ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност и интеграција, со значителни придобивки за Северна Македонија, Албанија и регионот во целина, нагласуваат од АД МЕПСО.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами