Адел ќе одржи четири концерти во Минхен

Британската пејачка Адел најави четири концерти во Минхен, Германија, за август. Тоа би биле нејзини први настапи во континентална Европа по неколку години. Продажбата на влезници почнува на 9 февруари, објави агенцијата „Лајв нејшн“ (Live Nation).
„Не сум настапувала во Европа од 2016 година! Не можев да смислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа прекрасна фаза од мојот живот и кариерата, со настапи 'така блиску до дома' во тоа толку возбудливо лето“, напиша Адел на „Инстаграм“.
Британската поп-ѕвезда ќе настапи во специјално создаден стадион во изложбениот центар во јужниот германски град, во покраината Баварија. Местото ќе нуди простор за околу 80.000 музички обожаватели на секој од концертите, закажани за 2., 3., 9. и 10 август.
Ново на Сител
-

Истражување на Галуп: Во Србија само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра
-

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга
-

Обвинителен акт против седум лица за даночна измама, меѓу нив и бизнисменот Ристо Крмзов
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
