Адел обвинета за кражба на песна на курдски пејач
Адел на музичката сцена се врати во голем стил, но тоа имаше и своја цена.
Имено, сега нејзиното име е поврзува со обвиненија за плагијат на песна на курдскиот пејач Ахмет Каја, кој се прослави во Турција во 80-те години на минатиот век.
Сличноста меѓу песната на Адел „Million years ago“ и песната „Acilara Tutnmak“ на Каја, кој почина во 2000 година, ја забележале голем број негови фанови од Турција.
Сепак, Ѓултен Каја, вдовица на турскиот музичар со курдско потекло, кој почина во Франција, мисли дека Адел е преголема ѕвезда за да коирсти песни од нејзиниот починат маж.
- Но, ако тоа свесно е направено, тогаш во прашање е крадење, изјави таа за турскиот дневник „Пост“.
Турскиот музички критичар Наим Дилмер вели дека постојат некои сличности меѓу двете песни, но тие не се многу големи.
- Сепак, не мислам дека Адел ја слушала песната на Ахмет Каја и дека намерно ја копирала, изјави Дилмер.
Ново на Сител
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат