Адеми: „МојДДВ“ е корисна мерка за сите граѓани кои секојдневно купуваат
Повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е корисна мерка за сите граѓани кои секојдневно купуваат, затоа што секој денар вратен кај граѓаните е важен, истакна министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, кој денеска ја промовираше кампањата “Мој ДДВ” во Скопје.
Според министерот, големата заинтересираност кај граѓаните за проектот „Мој ДДВ” придонесува во намалувањето на сивата економија.
– Ме радува фактот што секојдневно гледам дека се поголем број на граѓани се приклучуваат во овој проект, односно ги скенираат своите фискални сметки. Бројот од над 6,5 милиони скенирани фискални сметки говори за успешноста на „МојДДВ“, рече Адеми.
Тој додаде дека оваа мерка можат да ја користат и нашите сонародници од дијаспората при нивниот престој во матичната земја.
-За нашата дијаспора важат буквално истите услови како и за сите државјани на Република Северна Македонија, истакна министерот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот