Адеми на Глобален образовен самит во Истанбул
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска и утре во Истанбул ќе учествува на Глобален образовен самит кој ќе го отвори претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Како што информира Министерството за образование и наука, Адеми ќе говори на темите: „Новте трендови во образованието во 21 век“ и „Миграцијата и образовните политики“.
- Адеми во рамки на првата тема ќе се осврне на реформите во образованието во Република Македонија, благодарение на кои нашата држава е во чекор со најразвиените земји во светот. Кога станува збор за модернизација на образованието, нема компромис. Тоа е сфера во која мора да се достигнат највисоките стандарди, ќе потенцира министерот за образование и наука, информира МОН.
На вториот ден на Глобалниот образовен самит Адеми ќе зборува за актуелниот проблем со бегалската криза и за тоа дека низ Македонија секојдневно транзитираа илјадници мигранти од Блискиот Исток, дека за дел од нив кои остануваа во државата се обезбедени центри за прифаќање, кои освен топла облека и храна, нудат и соодветно образование.
Ново на Сител
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје