Адеми оствари средба со Милачиќ

Северна Македонија и Црна Гора досега имаат реализирано успешна соработка во сите дејности на културата, беше заклучено на средбата на министерот на култура Асаф Адеми со Јелена Милачиќ, вршителка на работите во Амбасадата на Црна Гора во Северна Македонија.
Од Министерството за култура соопштија дека Адеми и Милачиќ изразиле подготвеност во наредниот период да се интензивираат соработката и размената на проекти во двете држави.
– На средбата беше потенцирано дека двете држави негуваат одлична соработка и во рамките на еминентните меѓународни организации, како што се: Форумот на словенските култури, Советот на министри од Југоисточна Европа, УНЕСКО, во рамките на меѓународната мрежа „Традуки“ и програмата на Европската Унија „Креативна Европа“, а се реализираат и заеднички проекти во рамките на Регионалните мрежи на националните комитети на ИКОМ и ИКОМОС, наведоа од Министерството за култура.
Имено, во текот на овој месец во работна посета на нашата земја ќе престојува министерот за култура на Црна Гора, Александар Богадановиќ, кој со Адеми ќе ја потпише новата Програма за културна соработка меѓу двете Министерства со која во наредиот период ќе се се реализираат голем број на активности.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
