Адеми во посета на муфтиството во Битола и во Ресен

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска го посети муфтиството во Битола и оствари средба со муфтијата Плуми Велиу кому го честиташе големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, а потоа двајцата разменија информации во сферата на образованието на локално и национално ниво.
Адеми посочи дека муфтиството има голема улога и придонес во соживотот во Битола кој е препознатливо место на граѓани од сите верски заедници и дека ја ужива неговата поддршка во, како што рече, градот на толеранцијата.
- Ги поддржуваме сите проекти што се од интерес на граѓаните на Битола и од различни сфери, како што се образованието, културата и други области. Пред неколку години во Битола го отворивме Музејот на албанската азбука кој функционира и се етаблира и кој потврдува дека во Македонија се почитуваат културите на сите етнички заедници, изјави Адеми.
Попладнево, рече тој, ќе престојува во Ресен каде ќе се сретне со повеќе печалбари со кои, исто така, ќе разговара за образованието.
- Министерството за образование и наука има вработени наставници во неколку градови во дијаспората, а продолжуваме и со снабдување со учебници за учениците од сите етнички заедници како и со стипендирање на студентите што ќе успеат да се запишат на најдобрите универзитети, бидејќи тие се граѓани кои ја овозможуваат врската и се мостот на поврзување, истакна Адеми.
Домаќинот на средбата во Битола, муфтијата Плуми Велиу, ги поздрави владините напори и иницијативи за подобрување на состојбите во образованието и посебно за воведувањето на наставниот предмет „Етика во религиите“ кој, како што рече, претставува одлука која ги постигна очекувањата. Истакна дека овој наставен предмет во Битола е многу добро прифатен од сите верски заедници и позитивно се рефлектира во општеството.
- Со овој наставен предмет, новата генерација и генерациите што доаѓаат се едуцираат со еден сегмент кој стотина години бил запоставен или понижуван. Верувам дека министерот ќе ја разгледа можноста да се зголеми бројот на часовите за овој наставен предмет, да се зголеми бројот на паралелки бидејќи во Битола на албански јазик се учи само во ОУ „Гоце Делчев“, а припадници на албанската етничка заедница учат и во неколку други основни општински училишта. Исто така, се надевам дека ќе се обнови и паралелката на турски јазик која одлично ќе функционира во Битола, градот каде со векови отсјајува мултикултурноста, нагласи муфтијата Велиу по средбата со министерот Адеми.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
