Адвокатската комора бара да се обезбедат потребните услови на судењето за „27 април“

Адвокатската комора на РМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за „27 април“, се со цел за непречено и фер судење.
Група адвокати ангажирани како бранители во предметот КОК БР. 40/18 што се однесува на случувањата од 27 април минатата година во Собранието на РМ, што се води пред Кривичниот суд во Скопје, вчера во попладневните часови ја известиле Адвокатската комора на РМ дека на вчерашното рочиште на адвокатите не им биле овозможени елементарни услови да го следат распитот на загрозениот сведок, да можат да водат прибелешки и да поставуваат вкрстени прашања во интерес на лицата кои ги застапуваат.
Заради надминување на состојбите околу условите за работа, Адвокатската комора на РМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес, а се со цел за непречено и фер судење.
Во контекст на погоре наведеното од Адвокатската комора во денештото соопштение напоменуваат дека е потребно учесниците во постапката да укажат взаемно почитување, да го почитуваат и чуваат угледот меѓусебно и со коректен однос да придонесат за спроведување на законитоста во постапката. Таквите тенденции се должни да ги овозможуваат на пристоен начин и со допуштените правни средства.
- Сметаме дека во интерес на законитоста на постапката потребно е сите учесници во истата доследно да ги почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка, а се со цел нормално и непречено одвивање на судењето, велат од Адвокатската комора на РМ.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
