АЕК домаќин на регионален состанок за поевтинување на роамингот
Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе се одржи работен состанок со претставници од регулаторните тела за електронски комуникации од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
- Посебен фокус ќе биде посветен на резултатите од досегашните активности за роаминг услугите како и следните чекори кои што ќе се преземат за поевтинување на роаминг и меѓународните разговори, најави АЕК.
Целта, укажуваат, е да продолжи соработката, размената на информации и натамошните мерки со цел корисниците на електронски комуникациски услуги од овие четири држави да можат да ги користат услугите по поповолни услови и цени.
Досегашните преземени активности на националните регулаторни тела од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија придонесоа за намалување на цените во роаминг на повиците за 83,5 проценти, на СМС за 70 проценти и на интернетот за 94,4 проценти за корисниците на електронски комуникациски услуги во овие држави од 2014 година досега.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни